Спроведени 62 вонредни контроли за новогодишни пакетчиња

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори.

Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет.

Извршен е преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња. Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година. Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.

На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

Можеби ќе ве интересира...

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2025 година изнесува 335 609 МWh, што претставува 89.0 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO

Во недела почнува зимското сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад

BiznisPRO

МФ ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5% за втората година, средствата легнати на сметките на 1448 граѓани кои запишаа обврзници

BiznisPRO