Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2024 година изнесува 1.93%

Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2024 година изнесува 1.93%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места е забележана во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, каде што достигнува 3.47%, додека најниска е во секторот „Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“, каде што изнесува 0.13%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69%. Регионално, најголем процент на слободни работни места е забележан во Пелагонискиот Регион со 2.72%.

Можеби ќе ве интересира...

Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

BiznisPRO

Индустриското производство со пад од 7,9%: Намалено производство во повеќето сектори во септември 2024

BiznisPRO