Студентки од техничките факултети од Косово и Македонија во посета на „Diamond of Skopje“ во рамките на иницијативата Global Engineer Girls (GEG)

Групацијата Лимак продолжува со континуирана поддршка за девојките и младите жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки. Во рамките на групациската иницијатива Global Engineer Girls (GEG) студентки од република Косово, заедно со студентки од техничките универзитети од земјава го посетија  мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“. За време на посетата студентките имаа можност директно да се запознаат со имплементираните технологии и иновации и со техничките решенија во комплексот.

Студентките кои беа дел од оваа студиска посета беа поделени во неколку групи во зависност од факултетот од кој доаѓаат – машинска, електро-техничка и градежна, а секоја група беше предводена од менаџер, експерт во соодветната област. На тој начин, студентките имаа можност да се запознаат со различните специфики на проектот и да видат како се применети најновите научни сознанија од овие области во пракса.

„Diamond of Skopje“ има вкупно 4 станбени кули со 772 станбени едници и деловен простор. Кулите А и Б се комплетно завршени и вселени, а во моментот се одвиваат градежните активности на кулите Ц и Д, кои беа посетени од студентките во рамките на оваа студиска посета. Покрај тоа, студентките го посетија и трговски центар „Diamond Mall“ со корисна површина од 48.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција во мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ кој ги вклучува резиденцијалниот дел, трговскиот центар и хотелот со пет ѕвездички – „Limak Skopje Luxury Hotel“ изнесува над 350 милиони евра.

Во текот на студиската посета студентките имаа средба и со проектниот менаџер на мултифункционалниот комплекс „ Diamond of Skopje“, кој одблиску ги запознаа со имплементираните процеси од областа на градежништвото, машинството и електротехниката, а ги презентираше и карактеристиките на градежните материјали кои се користени во текот на изградбата. 

Ни претставува големо задоволство што благодарение на иницијативата Global Engineer Girls (GEG) имаме уникатна можност нашето знаење и искуство да го пренесеме на нашите идни колешки, студентките од техничките универзитети. Истовремено, за нас е многу значајно што можевме да ги слушнеме нивните идеи и размислувања, кои носат свежина во нашата работа и отвораат нови перспективи. Остануваме посветени на поддршката на нашите идни колешки. Лично сметам дека жените во техничките науки даваат голем придонес за развојот на нашата индустрија и во примената на иновативни практики“, истакна Куртан Апајдин генерален директор на „Лимак Скопје“ 

Групацијата Лимак, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG) доделува  стипендии на девојки и млади жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки на државните универзитети во земјава. Покрај финансиска поддршка преку стипендии, Групацијата Лимак, преку GEG North Macedonia, обезбедува и можности за практикантска работа, обуки за развој на дигитални и друг вид вештини, како и учество во менторска програма што ја спроведуваат искусни професионалци и бизнис лидери. Главната цел на инцијативата Global Engineer Girls е да обезбеди активна поддршка за младите жени и девојки да стекнат напредно знаење, практично искуство и да изградат професионален развој во областа на науката, технологијата и инженерството – позната како СТЕМ област. 

Покрај тоа, иницијативата се стреми да ги поттикне компаниите да се вклучат во справувањето со родовиот јаз во нивната индустрија и во нивните организациски структури, на тој начин унапредувајќи ја вклученоста на жените во економијата и во општеството. Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а потоа се прошири и во Северна Македонија, Косово и Саудиска Арабија. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата Ебру Оздемир за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областа.

Можеби ќе ве интересира...

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании 

BiznisPRO

Во септември: Годишен раст од 8,8% на вкупните депозити и од 7,5% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Од Generali Investments до НЛБ Фондови Скопје: Почеток на нова приказна и неограничени инвестициски можности

BiznisPRO