МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи- јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед.  Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити.

Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,6% во 2026 и 2027 година, поттикнат од високото ниво на јавни инвестиции и отпорната домашна потрошувачка и покрај негативните економски прелевања од војната на Блискиот Исток, пред сè преку повисоките цени на енергијата.

Како клучни двигатели на растот, „Стандард и Пурс“ ја издвојува забрзаната реализација на големите инфраструктурни проекти, особено Коридорите VIII и Xд, кои придонеле за раст на инвестициите од над 9% во првата половина на 2026 година.  Слично високо ниво на инвестициска активност се очекува и во втората половина на 2026 година.

Растот според Агенцијата дополнително ќе биде поддржан од отпорната приватна потрошувачка, поттикната од подобрувањата на пазарот на трудот, растот на платите и пензиите и зголемувањето на расположливите приходи на домаќинствата.

„Стандард и Пурс“ очекува инвестицискиот циклус да продолжи и во наредните години, при што просечниот економски раст во периодот 2027–2029 година се проектира на околу 3,3%.

Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ очекува постепена фискална консолидација во периодот 2027–2029 година, при што буџетскиот дефицит во просек би изнесувал околу 3,4% од БДП.

Високото ниво на јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија според Агенцијата ќе влијае на нивото на долгот кој би бил на ниво од 57% до 2029 година.
Истовремено, трошоците за сервисирање на долгот се оценуваат како одржливи.

Во извештајот се нотира и непречениот пристап на Владата до меѓународните пазари на капитал, при што се посочува издавањето на две еврообврзници од по 500 милиони евра во јануари 2026 година.
„Стандард и Пурс“ посочува дека трајното подобрување на фискалните перформанси, одржливото намалување на нето јавниот долг и посилниот економски раст според Стандард и пурс ќе имаат позитивно влијание на кредитниот рејтинг на земја

Агенцијата ја нотира и посветеноста на Владата кон процесот на европска интеграција, кој го оценува како важен двигател на структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Можеби ќе ве интересира...

Здравите навики се создаваат уште од најмала возраст. Успешно заврши  Виталиа детската трка 2024

BiznisPRO

УБАВА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ: Познато е кога треба да легнат парите од МОЈ ДДВ

BiznisPRO

Патувајте удобно и сигурно со Mastercard World Debit од Халкбанк

BiznisPRO