Светски берзи: NVIDIA ја потврди титулата најважна компанија во светот

Изминатата недела донесе нови рекордни вредности на пазарите во Европа, САД и Јапонија, а во фокусот на оптимистичкото расположение беше корпоративното соопштение на дизајнерот на чипови, NVIDIA, што повторно ги надмина зголемените очекувања на инвеститорите.

Американскиот берзански индекс S&P 500 скокна за 1,7 отсто и го достигна нивото од 5.100 поени, додека индексот на технолошките акции Nasdaq порасна за 1,4 отсто.

Во долгоочекуваното објавување на кварталните деловни резултати, NVIDIA го направи истото што го правеше во минатото неколку пати – многу високиот праг на приходи и профит беше лесно надминат, додека раководството на компанијата даде прогноза за резултатите за тековната квартал кој ги надмина очекувањата на пазарот.

Најголемиот светски дизајнер на чипови накратко прескокна пазарна капитализација од 2 трилиони долари во петокот, откако акциите на компанијата пораснаа за повеќе од 16 отсто на денот на објавувањето.

Можеби ќе ве интересира...

Овие 4 апарати за домаќинство се најголемите трошаџии: Постојат начини да се намали потрошувачката на струја

BiznisPRO

Биткоинот благо падна на 39.000 евра, Binance Coin порасна за четири отсто

BiznisPRO

ОН: Електронскиот отпад се трупа, а нивоата на рециклирање се ниски и се закануваат да опаѓаат

BiznisPRO