Трговскиот дефицит во јануари 2025 година изнесува 16.6 милијарди денари

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2025 година, изнесува 52 262.1 милион денари, што е за 5.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 16 626.3 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2025, изнесува 68.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, други катализатори на носачи и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и платината и легурите на платина, необработени или во прав.

Во јануари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Кина.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 578.9 милиони евра и бележи пораст од 5.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 849.1 милион евра, што е за 6.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 270.1 милион евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 599.3 милиони САД долари и бележи пад од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 878.5 милиони САД долари, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 279.2 милиони САД долари.

Можеби ќе ве интересира...

Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година

BiznisPRO

Дали треба да се оди во менувачница во петок? – Курсна листа за 21 јуни 2024

BiznisPRO

Девизните резерви зголемени за 41,9 милиони евра

BiznisPRO