Просечната бруто плата за октомври во Македонија била 63.392 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, изнесува 108.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.7 %), Преработувачка индустрија (10.8 %) и Образование (10.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7.0 %), Образование (5.1 %) и Градежништво (2.8 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесува 63 392 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Девизните резерви достигнаа речиси 4,3 милијарди евра

BiznisPRO

Лидл го купи објектот “Бриколаж”

BiznisPRO

КАКВА СУДБИНА ГО ЧЕКА ГИГАНТОТ: Фолксваген сака да затвори три од десет фабрики, но и да ја намали платата на преостанатите работници

BiznisPRO