Три земји поседуваат над 50% од светските резерви на ураниум: Русија не е меѓу нив

Според Светската нуклеарна асоцијација, Австралија, Казахстан и Канада поседуваат повеќе од 50 отсто од светските резерви на ураниум.

Како лидер се издвојува Австралија со 1,7 милиони тони ураниум или 28 отсто од светските резерви, Казахстан има 815.000 тони или 13 отсто, а Канада има 589.000 тони или 10 отсто од резервите, пишува порталот Oilprice.

Значајни наоѓалишта на ураниум има и во Русија, Намибија, Јужна Африка, Бразил, Нигер и Кина.

Во написот се наведува дека продолжуваат да се откриваат нови наоѓалишта на ураниум, што придонесува за зголемување на познатите резерви.

Вкупната количина на светски ураниум не е точно позната. Познатите светски резерви на ураниум се зголемија за околу 25 проценти само во последната деценија благодарение на подобрата технологија која го подобрува истражувањето.

Можеби ќе ве интересира...

Дизелот поевтинува – Ова се новите цени на горивата

BiznisPRO

Наскоро во Германија големо зголемување на платите: Покачувања и до 500 евра, еве кој

BiznisPRO

Најпосетуван град беше Дубровник: Хрватска во април забележа ПОМАЛКУ туристички пристигнувања од лани

BiznisPRO