ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАД, ЗЛАТОТО СКОКНА: Европските берзански индекси во пораст

Главните европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и раст на цените на златото и на пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.972,64 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.227,0 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 38.949,02 поени, индексот S&P 500 на 5.069,76 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.947,74 поени.

Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 78.108 долари, а на нафтата од типот брент на 81.827 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 26 евра за мегават-час. Цената на златото се искачи на 2.036,83 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 5,7392 долари за бушел (бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08468, што е приближно исто како и во средата.

Можеби ќе ве интересира...

Еден од најголемите сончеви паркови во Европа е првата француска стратешка инвестиција во Северна Македонија

BiznisPRO

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

BiznisPRO

Недела останува неработен ден

BiznisPRO