Недела останува неработен ден

Уставниот суд на седница одлучи неделата да остане неработен ден.

– За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора која бараше да се запре спроведувањето на законот. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, рекоа ид Уставниот суд.

Иницијативата беше поднесена од Стопанската комора на Македонија, а Уставниот суд одлучил за неа да не се поведе постапка.

Покрај дел од компаниите на ваквата владина мерка негодуваше и опозицијата, но на крајот победија работниците.

Можеби ќе ве интересира...

Дел од горивата поскапуваат

BiznisPRO

Македонија и Германија го зголемија контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт

BiznisPRO

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Втората годишна меѓународна конференција на Министерството за финансии „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“

BiznisPRO