ПРОМО

ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ПОД ЕВРОПСКА ЛУПА – Експерти пристигнаа во Министерството за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна експертска соработка со Европската комисија посветена на енергетската сиромаштија и спроведувањето на реформите во секторот. Мисијата се реализира преку европскиот инструмент TAIEX и треба да продолжи до 13 ноември.

Во центарот на разговорите е постепеното приближување на цената на електричната енергија кон пазарните услови, заедно со развивањето механизми за заштита на граѓаните кои тешко ги подмируваат сметките. Овие активности се поврзани со Реформската агенда за периодот 2024–2027 година.

Постепеното усогласување на цените е чувствително прашање поради влијанието врз домаќинствата. Затоа експертската работа треба да ги разгледа можните модели на поддршка и начинот на кој реформите би се спроведувале без дополнително загрозување на енергетски ранливите категории.