Цените на гасот нагло пораснаа на европскиот пазар

Цените на природниот гас во Европа денеска нагло пораснаа на берзата ТТФ, за 10,4 отсто на 37,8 евра за мегават-час поради падот на приливот на гас од Норвешка.

Цената на гасот во Европа е највисока во последните шест месеци.

Норвешкиот гасовод Гаско објави дека имало инцидент кај гасниот центар Слејпнир, кој потоа бил затворен.

Засега не е јасно кога хабот ќе продолжи со работа со полн капацитет.

Референтните цени на бензинот во Велика Британија, исто така, денеска пораснаа за 15 отсто, бидејќи испораките од Норвешка за Велика Британија беа значително намалени.

Како што објави порталот „Oilprice“, Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа по февруари 2022 година и падот на извозот на руски гас во Европската унија, а непланираните прекини на снабдувањето од оваа скандинавска земја дополнително ја нагласуваат европската ранливост.

Можеби ќе ве интересира...

Тргна исплатата на Мој ДДВ

BiznisPRO

Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

BiznisPRO

Доаѓа продолжен викенд, а потоа и уште еден празник во октомври – еве ги сите празници до крајот на годината

BiznisPRO