Цените на големо во Германија во февруари паднаа за три отсто на годишно ниво

Цените на големо во Германија во февруари паднаа за три отсто на годишно ниво, покажуваат денеска објавените податоци од германската федерална статистичка служба Destatis. Цените на германскиот пазар на големо паѓаат единаесет месеци по ред на годишно ниво, а претходно во јануари паднаа за 2,7 отсто, се наведува на веб-страницата на споменатата организација.

Цените на житариците, непреработениот тутун, семките и сточната храна се намалени за 20,8 отсто, а цените на хемиските производи за 15 отсто или металите и металните руди за 14,4 отсто. Наспроти ова, големопродажните цени на овошјето и зеленчукот се зголемени за 7,3 отсто, на пијалаците за 5,1 отсто, а на тутунските производи за пет отсто.
На месечна основа, големопродажните цени во Германија во февруари паднаа за 0,1 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чини еврото, а колку доларот во среда – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO

Со среќа: Охриѓанецот кој доби седумка на Лото ги подигна парите – еве како изгледа тикетот од 1.7 милиони евра

BiznisPRO

Во март 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 67.240 денари

BiznisPRO