Цените на нафтата над 71 долар

Денеска цената на нафтата на светските берзи се стабилизира над 71 долар, балансирајќи меѓу најавеното зголемување на понудата и новите кинески стимулации кои треба да ја заживеат економската активност и побарувачката на енергетски производи.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 21 цент отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 71,39 долари. Вчера ја затвори трговијата во минус 1,86 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по речиси иста цена како и на затворањето на тргувањето вчера, по 67,57 долари. Вчера го заврши тргувањето со загуба од 2,02 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе изнесуваат девизите во петок? – Еве ја најновата курсна листа

BiznisPRO

Прием на нови 25 даночни обврзници кои преминуваат во дирекцијата за големи даночни обврзници

BiznisPRO

Голем интерес за системот е-Фактура во Пелагонискиот регион

BiznisPRO