Цените на нафтата паѓаат: 108 долари за барел во Њујорк

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради загриженоста дека високите цени на горивата би можеле да му наштетат на економскиот раст.

Во Лондон цената на суровата нафта од типот Брент од Северното Море беше пониска за 75 центи и сега изнесува 108,36 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 1,42 долари на 108,17 долари за барел.

– Падот на акциите предводен од малопродажниот сектор во САД ја зголемува загриженоста за економскиот раст, а со тоа и за побарувачката на гориво – изјави пазарниот аналитичар од банката „Саксо“ Оле Хансен.

Голем пад е регистриран на европските и азиските берзи, кои го следеа најтешкиот ден на Волстрит од средината на 2020 година, поради предупредувањата од најголемите компании во малопродажниот сектор за последиците од високата инфлација.

Можеби ќе ве интересира...

„Нов чекор кон одржлива иднина“ – Отворена првата фабрика на Тесла во Европа

Бизнис про

Тутунскиот гигант мора да плати казна од 635 милиони долари

Бизнис про

Ковачевски: Со поедноставените процедури за фотоволтаични централи ги стимулираме инвестициите во обновливи извори на енергија

Бизнис про