Цените во Германија растат

Продолжува инфлаторниот бран во Германија. Цените за производство во Германија во јануари пораснаа за 0,5 отсто на годишно ниво, со побавно темпо отколку во декември кога според достапните инфомрации пораснале за 0,8 отсто.

Инфлацијата на големо во Германија, мерена со индексот PPI, се зголемува трет месец по ред, бидејќи во јануари цените на нетрајните производи за широка потрошувачка се зголемија за три отсто на годишно ниво, како и цените на трајните производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто и на капиталните производи за 1,9 отсто.

Додека пак цените на енергијата во Германија во јануари паднаа за еден процент на годишно ниво, а цените на суровините паднаа за 0,1 отсто, покажуваат податоците на Дестатис.

Можеби ќе ве интересира...

4iG основа компанија во земјава – Дали ќе биде трет оператор за мобилни услуги во Северна Македонија?

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO

Курсна листа за 25 декември 2024

BiznisPRO