Цените во земјоделството во октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 1.7 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот, соопшти ДЗС.

Во делот инпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.5 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.9 %.

Во делот аутпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 3.2 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 3.7 %.

Можеби ќе ве интересира...

Цените во земјоделството во февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 0.6 % кај инпутот, а се зголемени за 20.7 % кај аутпутот

BiznisPRO

АФПЗРР : Започнува периодот за аплицирање за дополнителните плаќања за предадени јаболка кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети.

BiznisPRO

Се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 и 2024 година и од Програмата за директни плаќања

BiznisPRO