Тутунот се откупува за 400 денари по килограм, а државата на тутунарите ќе им подели и 100 денари дополнителна субвенција за првата класа

„По серија на состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која што е во задоволство на тутунарите, а тоа е да првата класа се откупува за 400-тини денари. Имаме покачување од 375 денари на 400 денари“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од денешниот настан „Пчеларски ден-знаење и дружење 2024“.

„Субвенцијата за првата класа на тутун од 80 денари ја покачивме на 100 денари“, нагласи министерот Трипуновски.

Тој во својата изјава за медиуми додаде дека се дојде до една заокружена цена од 500-тини денари што е со широко задоволство прифатено од тутунарите.

Можеби ќе ве интересира...

EКО ПАРТНЕРС:Повеќе од 9,1 милиони фарми во ЕУ се семејни

BiznisPRO

Откуп и продажба на земјоделски производи, четврто тримесечје од 2024 година

BiznisPRO

АФПЗРР : Започнува аплицирањето за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

BiznisPRO