Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 оризопроизводител

Вчера се изврши исплата на директни плаќања за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи и/или преработувачи.

Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 корисник.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максималната количина на оризова арпа која е прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограми по пријавен хектар со оризова арпа по подмерка 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП: Нова можност за издавање на код за идентификација за интегрирана наплата

BiznisPRO

Познато е кога ќе биде исплатата на пензиите – за неколку месеци следува и зголемување

BiznisPRO

По милијардата од Унгарија, државава ќе се задолжи за уште 500 милиони евра

BiznisPRO