УБАВА ВЕСТ ПОСЛЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: Инфлацијата во јуни 2026 година во однос на претходниот месец е – 0.5 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, изнесува -0.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %.

Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата и Ресторани и услуги за сместување за 0.3 %, Здравствена заштита и Информации и комуникации за 0.2 %, Облека и обувки за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Услуги за образование и Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јуни 2026 година во однос на мај 2026 година изнесува 99.2.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи зголемување од 3.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од

Можеби ќе ве интересира...

Лидл почна да се подготвува за изградба на првиот маркет во Скопје

BiznisPRO

Огревното дрво останува најзастапен енергент за греење, а кај електричните уреди се издвојуваат клима-уредите инвертери и топлинските пумпи како поефикасни технологии за греење и догревање

BiznisPRO

Курсна листа за 27 февруари 2025

BiznisPRO