УЈП: Навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период.

Апелираме, навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден.

Во моментов системот на УЈП работи непречено, до денеска поднесени се 1706, ДДВ – 04 пријави од вкупно очекуваните 7405, што е 23,4% од вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период. Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава, имаат сите даночни обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет.

Процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП (види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javni_informacii/category/2005)

Можеби ќе ве интересира...

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

BiznisPRO

Втор донаторски Празничен базар во организација на вработените на ЕВН Македонија

BiznisPRO

УЈП ќе спроведува засилени контроли врз таксистите

BiznisPRO