УЈП објави податоци: Бојкотот успеа, над 45 проценти помал промет во големите маркети во споредба со истиот ден пред една седмица

Како што соопшти УЈП со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година.

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.

Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари.

Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари.

Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%.

Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%.

УЈП ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.

Можеби ќе ве интересира...

Утврдени нови цени на горивата

BiznisPRO

СО ИМИЊА НА ФИРМИ И ГРАЃАНИ, ОБЈАВЕНА Е НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Познато е кој колку должи за данок кон државата

BiznisPRO

УЈП дел од европската дебата за иднината на оданочувањето

BiznisPRO