ПОЗИТИВНО ДВИЖЕЊЕ: Биткоинот повторно расте, стигна над 60.000 долари

Биткоинот брзо се врати на границата над 60.000 долари.

Загубите во април беа значителни, во износ од 16 проценти, што е најголем месечен пад од ноември 2022 година, кога индустријата беше потресена од падот на берзата FTX и скандалите поврзани со Сем Банкмен Фрид.

Во средата, цената на БТК се лизна под 57.000 долари, најниска во последните два месеци. Тој ден имаше одливи од 563 милиони долари од американските Биткоин ЕТФ.

Можеби ќе ве интересира...

Иновации и зелени практики во ТИТАН Усје – пример за одржлива иднина на МАСВА конференцијата

BiznisPRO

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2024 година

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO