УЈП со многу важно известување до граѓаните

Соопштение на УЈП:

🗣Управата за јавни приходи информира дека со надградбата на системот е-Персонален данок се овозможи даночните обврзници – физички и правни лица кои за прв пат се регистрираат за цели на оданочување да се најавуваат преку https://e-ujp.ujp.gov.mk. Оваа нова веб платформа ќе овозможи даночните обврзници – корисници на информацискиот систем на УЈП да се најавуваат преку https://e-ujp.ujp.gov.mk и полесно да ги користат електронските услуги за пријавување и плаќање на данок на личен доход.

📌Постојната адреса https://e-pdd.ujp.gov.mk останува во функција за постојните корисници на системот е-Персонален данок, додека новите корисници кои сеуште не се регистрирани на Е-ПДД треба да се регистрираат преку https://e-ujp.ujp.gov.mk. Овој линк треба да го користат и постоечките корисници, доколку сакаат да вршат промени во делот на корисничките профили и овластувањата.

📌Со новините кои се спроведоа, корисниците кои имаат два профила односно и како физичко лице и како овластено лице од правно лице или друго физичко лице, ќе треба да изберат со кој од профилите ќе продолжат да се најавуваат како корисници во системот. Управата за јавни приходи препорачува корисникот да го избере оној профил со кој е регистриран со лична и активна е-пошта каде ќе бидат префрлени и овластувањата добиени од други лица за работа во системот. На овој начин за корисниците на услугите се овозможува унифицирана, едноставна и услуга од еден кориснички профил.

➡️Преземете го „Упатство за регистрација на системот е-даночни услуги” и следете ги чекорите за најава, регистрација и доделување на овластувања за работа во системот. Овие новини претставуваат почеток на интеграција на информацискиот систем на УЈП, а постапките што ќе следат ќе придонесат за модерна и дигитализирана даночна администрација која ќе воспостави процедури што ќе го скратат времето за добивање на услуги кон крајните корисници.

📌Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе ја информира јавноста за сите нови електронски услуги кои ги подготвува почнувајќи од Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН), која е во фаза на тестирање и штом заврши тест фазата ќе следи подобро запознавање со самата услуга.

👉Напомена:

Пресметките за плата како и досега се поднесуваат преку celaplata@ujp.gov.mk
Платформата е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk за целите на ДД, ДДВ и други барања се’ уште е во функција, се до интегрирање на услугите од таа страница кон страницата „е Даночни услуги“.
Новите корисници правни лица (новоформирани компании) и физички лица обврзници за целите на ДДВ освен што треба да се регистрираат на https://e-ujp.ujp.gov.mk потребно е да се регистрираат и на е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Можеби ќе ве интересира...

Замрзнати цените на огревното дрво и пелетите

BiznisPRO

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

BiznisPRO

Данок на солидарност треба да плати уште една компанија

BiznisPRO