Утврдени нови цени на горивата

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,101 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,656 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.07.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена н Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

„Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW“

BiznisPRO

ЕБОР одобри ЕУР 26,4 милиони кредит на Македонскиот електропреносен систем оператор

BiznisPRO

Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 %

BiznisPRO