Витаминка ја презентира својата понуда на Ануга, најголемиот глобален саем за храна

Витаминка и оваа година го продолжува својот континуиран настап на најголемиот меѓународен саем за храна и пијалаци – Ануга, кој традиционално се одржува во Келн, Германија. Со богата и внимателно селектирана понуда од својата слатка и солена програма, компанијата повторно ја претставува македонската прехранбена индустрија пред светската бизнис и стручна јавност. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да ги запознаат и дегустираат најпознатите брендови на компанијата, како и најновите производи кои ги следат современите прехранбени трендови и вкусови.

„Присуството на Ануга претставува извонредна можност за директен контакт со партнери и потенцијални купувачи од целиот свет. Настапот меѓу водечките глобални производители на храна е уште една потврда дека Витаминка е препознаена како сигурен и иновативен бренд надвор од македонските граници. Тоа е дополнителен поттик за постојан развој, зајакнување на извозот и ширење на нашето присуство на нови пазари“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Ануга и оваа година се потврдува како централно место на светската прехранбена индустрија, каде што се презентираат најновите иновации и трендови. Саемот обединува повеќе од 7800 изложувачи од над 110 земји, меѓу кои и водечки компании од Европа, Америка и Азија, кои ги претставуваат најдобрите решенија и инспирации од светот на храната.

Присуството на Витаминка на оваа значајна манифестација уште еднаш ја нагласува посветеноста на компанијата кон квалитет, развој и промоција на македонските производи на глобалната сцена.

Можеби ќе ве интересира...

Искусете го најдоброто од телевизиската понуда, MOVE сега 30 бесплатно – над 300 канали сега достапни! Гледајте 30 дена бесплатно! Откријте повеќе од 300 канали и подобреното искуство на гледање на MOVE од МТЕЛ

BiznisPRO

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во четврток – Курсна листа за 9.01.2025

BiznisPRO