Вкупната бруто-произведена електрична енергија во јануари 2026 година изнесува 654 356 МWh, што претставува 77.1 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во јануари 2026 година изнесува 654 356 МWh, што претставува 77.1 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, информира ДЗС.

Во јануари 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
848 192 МWh електрична енергија, 47.882 мил. нм3 природен гас, 345 151 тон јаглен и
80 333 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 77.1 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.6 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Главни поенти
Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година:

Потрошувачката на природен гас е зголемена за 8.8 % како резултат на зголемената активност на когенеративните постројки
Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 3.5 %

Можеби ќе ве интересира...

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

BiznisPRO

Следува исплата на пензиите

BiznisPRO

Слободни работни места, прво тримесечје 2025 година

BiznisPRO