Во 2023 година, 63.2 % од вкупната потребна енергија е обезбедена од увоз

Вкупната потребна енергија во 2023 година изнесува 2 707 695 тони нафтени еквиваленти (тое), информира ДЗС.

Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат:

  • Нафтените продукти – 43.3 %
  • Цврстите горива – 30.0 %.

Бруто-примарното производство изнесува 942 472 тое, што претставува намалување од 9.3 % во споредба со 2022 година.

Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 19.3 %, додека најзначително зголемување е евидентирано кај:

  • Соларната електрична енергија – од 369.6 %
  • Хидроенергијата – од 20.6 %.

Финалната енергетска потрошувачка во 2023 година изнесува 1.793.862 тое, при што енергијата е распределена по сектори на следниот начин:

  • Сообраќај – 44.9 %
  • Домаќинства – 26.3 %
  • Индустрија – 18.7 %
  • Останати сектори – 9.1 %

Можеби ќе ве интересира...

Доаѓа продолжен викенд, петок е неработен ден – Ова се сите празници до крајот на годинава

BiznisPRO

Добра вест: Парите од “Мој ДДВ” конечно на сметките на граѓаните

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во септември 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 %

BiznisPRO