Во 2024 година Македонија има 23,6% повеќе доктори на науки во споредба со претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година, звањето доктор на науки го стекнале 215 лица, што претставува зголемување за 23.6 % во споредба со 2023 година.

Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите здравство и социјална заштита, потоа 16.7 % уметност и хуманистички науки, следат бизнис, администрација и право со 14.4%, општествени науки, новинарство и информирање со 11.6 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Од вкупниот број лица што докторирале во текот на 2024 година, 106 или 49.3 % од нив се жени.

Можеби ќе ве интересира...

Атлантик Група: Силен раст на приходите од продажба

BiznisPRO

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

BiznisPRO

Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, декември 2024 година

BiznisPRO