Во четвртиот квартал БДП пораснал за 3.2%

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четврто тримесечје од 2024 година е 3.2 %.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ – Градежништво од 13.2% и К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66.1 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2.0 %.

Можеби ќе ве интересира...

Пченицата ќе се откупува по 12 денари

BiznisPRO

Цените на гасот на европската берза ТТФ се на највисоко ниво во последните пет месеци од 34,9 евра за мегават-час

BiznisPRO

Индустриското производство со пад од 7,9%: Намалено производство во повеќето сектори во септември 2024

BiznisPRO