МакедонијаТОП ВЕСТИ

Во декември: Годишен раст од 12,4% на вкупните депозити и од 11,2% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележаа раст од 12,4%, во поголем дел поради растот на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,2% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.