Во Франција паѓа инфлацијата

Годишната стапка на инфлација во Франција, според прелиминарната проценка, паднала од три отсто во февруари на 2,3 отсто во март, објави денеска Францускиот национален институт за статистика и економски истражувања (ИНСЕЕ).

Резултатот ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа мартовска инфлација од 2,6 отсто и сега е најниска од септември 2021 година.

Во март 2024 година, цените на храната во Франција се зголемени за 1,7 отсто на годишно ниво, услугите за три отсто, тутунот за 10,7 отсто, енергијата за 3,4 отсто, но во сите споменати случаи растот бил побавен од февруари, наведува INSEE. .

На месечно ниво, инфлацијата во Франција во март порасна за 0,2 отсто, што е значително помал раст во однос на февруарските 0,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Поскапија дел од горивата – РКЕ со нови цени

BiznisPRO

Биткоинот достигна ново рекордно ниво од 71.500 долари

BiznisPRO

Станбениот гигант должи 194 милијарди долари

BiznisPRO