Во Франција ПОМАЛКУ се пие вино: Владата издвојува 200 милиони евра за уништување на овој пијалок поради падот на побарувачката

Француската влада ќе одвои 200 милиони евра за уништување на вишокот вино и поддршка за производителите поради падот на побарувачката за тој пијалок.

Се повеќе луѓе пијат занаетско пиво, а индустријата има проблем со хиперпродукција, јавува Би-Би-Си.

Најголем дел од парите ќе бидат искористени за купување на вишок на залихи, а алкохолот ќе се продава за употреба во производи како средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и парфеми.

Истовремено, финансиска помош ќе имаат лозарите за преминување на други производи, како што се маслинките. Според податоците на Европската комисија, до јуни годинава потрошувачката на вино е намалена за седум отсто во Италија, за 10 отсто во Шпанија, за 15 отсто во Франција, за 22 отсто во Германија и за 34 отсто во Португалија, додека производството на нивото на Европската унија се зголеми за четири отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Преку украинска територија: Гаспром нормално продолжува да испорачува гас за Европа

BiznisPRO

Се поголема рецесијата во Германија?

BiznisPRO

Стапува во сила „во 5 до 12“: Доаѓањето до работа во Германија е уште полесно – На земјата итно и треба професионална работна сила

BiznisPRO