Во Македонија има 100.000 невработени лица

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 791 647 лица, од кои вработени се 688 296, а 103 351 лице е невработено.

Стапката на активност во овој период е 52.3, стапката на вработеност 45.4, додека стапката на невработеност изнесува 13.1.

Резултатите во соопштението не се споредливи со претходните години поради имплементацијата на новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот, како и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 во областа на работната сила, поради што Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.

Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, вклучувајќи ги промените во дизајнот на прашалникот, редоследот на прашањата, преместување и додавање нови прашања, како и промени во опфатот и дефинициите за вработеност и невработеност.

По извршената анализа е утврдено дека промените имаат влијание врз работоспособното и неактивното население поради промената на возраста (од 15 до 79 на 15 до 89 години), додека кај активното население промени не се забележани. Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци за работоспособното и
неактивното население.

Можеби ќе ве интересира...

Метеж на македонско-бугарската граница – многу Бугари пазарат во Источна Македонија

BiznisPRO

Кафе 50, пиво 90, шарска 180 денари – Преспа одлична дестинација за продолжениот првомајски викенд

BiznisPRO

Доаѓаат пари: До крајот на декември по најмалку 12.740 денари на сметката на секој вработен во приватниот сектор

BiznisPRO