Во ноември 2025 година, од вкупниот број туристи, 25.7 % се домашни, а 74.3 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33.9 % се од домашните туристи, а 66.1 % од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 10.3 %.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.8 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.3 %, а кај странските има зголемување за 6.9 %.
