Технологија

Во пресрет на CES 2027, најновите производи на „Samsung“ препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија

Компанијата освои CES® 2027 награди за иновации за своите мобилни уреди, уреди за домашна забава, апарати за домаќинство и полуспроводници

Galaxy Z Fold8 Ultra и Z Fold8 прогласени за “Најдобра иновација” во категоријата мобилни уреди на CES наградите за иновации


Скопје, 16 ноември 2026 година – Компанијата „Самсунг“ (“Samsung Electronics”), глобален лидер во технологијата, денес објави дека низа од своите производи и услуги се препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија (Consumer Technology Association – CTA®) како дел од програмата “CES Innovation Awards®” 2027, двојно зголемувајќи го бројот на добитници на наградата “Најдобра иновација” од 2026 година.

CES Наградите за иновации ја слават извонредноста во дизајнот и инженерството во широк спектар категории на потрошувачка технологија. За Самсунг (“Samsung”), овие почести ја зајакнуваат визијата на компанијата за создавање беспрекорно поврзан екосистем што ја подобрува практичноста, креативноста и пристапноста. Наградите исто така ги истакнуваат напорите на компанијата во интеграцијата на вештачка интелигенција, имерзивните дисплеи, паметните решенија за домот и напредните полупроводнички технологии што ги напојуваат уредите од следната генерација.

Поконкретно, дивизијата за визуелни дисплеи (VD) на “Samsung” доби признание за своите најнови иновации во технологиите за дисплеи и аудио технологиите, при што два производи освоија CES награди за најдобра иновација, а голем број производи и функции беа именувани за почесни добитници на CES наградите за иновации. Дивизијата за дигитални апарати (DA) исто така доби признанија за своите иновации во апаратите за домаќинство кои ја подобруваат секојдневната удобност, ефикасноста и функционалноста. Ова ја вклучува и подобрената ”Bespoke AI Laundry Combo”, која беше именувана за почесен добитник на наградата ”CES Innovation Awards”, по признанието за оригиналниот модел во 2024 година.

Од надградување на веќе воспоставеното наследство во преклопливиот форм-фактор до унапредување на интелигентни ВИ-решенија за секојдневниот живот, овие награди ја истакнуваат посветеноста на “Samsung” кон иновации за поврзана и персонализирана иднина која им овозможува на уредите да работат тивко во позадина на секојдневниот живот. Целосен список на наградуваните производи на “Samsung” ќе биде објавен на 4 јануари 2027 година.

CES 2027, саемот за потрошувачка електроника и водечка глобална сцена за револуционерна технологија и дизајн, ќе се одржи во период од 6 до 9 јануари, 2027 година во Лас Вегас, Невада, нудејќи им на присутните прв поглед на следната генерација иновации на “Samsung”.

Истакнати добитници на наградите за иновации CES 2027 – најдобра иновација

Категорија Мобилни уреди, додатоци и апликации: Galaxy Z Fold8 Ultra

Ultra го претставува највисокиот стандард на Galaxy за перформанси, можности и иновации. Galaxy Z Fold8 Ultra го спојува овој стандард со најнапредниот преклоплив дизајн на “Samsung”. Неговиот простран главен екран од 8 инчи отвора продуктивен работен простор за извршување на повеќе задачи истовремено. И покрај тоа што е најтенкиот Z Fold на “Samsung” досега, со дебелина од само 4,1 мм кога е расклопен и тежина од 215 грама, тој го има најголемиот капацитет на батерија во Z Fold серијата досега, од 5.000 mAh, што им помага на корисниците да останат продуктивни подолго. Ова овозможува цел ден работа, креирање и забава во потенок преклоплив дизајн. Исто така, доаѓа со “Flex Titanium” архитектура на екранот која користи двојни слоеви на база на титаниум за да ја подобри издржливоста, додека ја намалува дебелината на модулот на екранот за 10%, создава повеќе простор за внатрешните компоненти и се постигнува порамна површина на екранот со помалку видлив преклоп. Во меѓувреме, широката камера од 200 MP поддржува HDR при целосна резолуција, додека новата ултра-широка камера од 50 MP ја заменува камерата од 12 MP на Z Fold7, додава макро – снимки и користи поширок F1.9 отвор на блендата за да се фати приближно 34% повеќе светлина. Без разлика дали корисниците извршуваат повеќе задачи или создаваат, Glaxy Z Fold8 Ultra нуди неспоредливо искуство.

Категорија Мобилни уреди, додатоци и апликации: Galaxy Z Fold8

“Galaxy Z Fold8” е реосмислен за корисници кои сакаат преклоплив уред што се доживува природно во моментите кога љубопитноста се претвора во подлабоко откривање. Како најлесниот Galaxy Z Fold досега од “Samsung”, Galaxy Z Fold8 воведува нова преклоплива форма која се разликува од моделот Galaxy Z Fold8 Ultra, фокусиран на продуктивност. Неговиот 5,5-инчен екран на капакот користи сооднос 10:16, погоден за прелистување содржини, пораки и кратки видеа. Кога е отворен, главниот 7,6-инчен екран со сооднос 4:3 нуди поголемо платно за игри и филмови и овозможува странична споредба на содржини и коментари. “Flex Titanium” комбинира прецизно изработена титаниумска мрежеста плоча со ултра-тенка фолија од титаниумска легура за да се намали дебелината на модулот на екранот, а истовремено овозможува повторно превиткување, апсорпција на удари и намалена видливост на наборите. Во меѓувреме, двојните 50MP широки и ултра-широки камери снимаат видео до 8K, а двојното снимање истовремено ги снима предната и задната перспектива во неисечена, поделена композиција.

Истакнати добитници на Наградите за иновации CES 2027

Категорија компјутерска опрема и компоненти: 512GB DDR5 RDIMM (1b 32Gb DRAM-Based)

512GB DDR5 RDIMM на “Samsung“ е серверски модул за меморија со голем капацитет, изработен со напредна 32Gb DRAM технологија, дизајниран за компјутерски системи со високи перформанси и дата центри од следната генерација. Користејќи 32Gb DRAM, тој обезбедува капацитет од 512GB со четири-слојна структура, во споредба со осум слоеви кај конвенционалните модули базирани на 16Gb DRAM. Овој поедноставен дизајн ја намалува сложеноста на пакувањето, истовремено овозможувајќи поголема флексибилност во дизајнот. Во сервер со 16 мемориски канали,[1] RDIMM модули од 512 GB можат да обезбедат до 8 TB мемориски капацитет, двојно повеќе од максималниот капацитет од 4 TB што може да се постигне со RDIMM модули од 256 GB. Тие исто така трошат до 15% помалку енергија од конвенционалните 512GB RDIMM модули базирани на 16Gb DRAM, со што помагаат да се намали потрошувачката на енергија и потребите за ладење во дата-центрите. Покрај тоа, тие ефикасно поддржуваат работни оптоварувања интензивни за меморија, како што се обука на генеративна вештачка интелигенција, машинско учење и аналитика на големи податоци на претпријатијата, што може да ја подобри оперативната ефикасност на дата-центрите и да го намали вкупниот трошок за сопственост (TCO).[2]

Категорија компјутерска опрема и компоненти: LPDDR5X SOCAMM2

LPDDR5X SOCAMM2 на “Samsung“  е компактен модул за меморија дизајниран за сервери за вештачка интелигенција, кој ја комбинира енергетската ефикасност на мобилна “DRAM” со ниска потрошувачка на енергија со голем пропусен опсег за поддршка на сложени задачи за вештачка интелигенција. Обезбедува пропусен опсег до 153,6 GBps, што е 2,6 пати повеќе од конвенционалните DDR5 RDIMM-ови, со над 70% подобра енергетска ефикасност. Ова им овозможува на “AI” серверите да обработуваат податоци побрзо, а притоа да трошат помалку енергија. Неговиот ниско-профилен хоризонтален дизајн заштедува простор во серверите и го подобрува протокот на воздух, што помага да се зголеми ефикасноста на ладењето. Дизајнот на модул кој може да се одвои исто така овозможува замена на меморијата и надградба на капацитетот без да се замени матичната плоча, што го прави одржувањето полесно и пофлексибилно. Со комбинирање на голем пропусен опсег, енергетска ефикасност и флексибилен дизајн, “LPDDR5X SOCAMM2” им помага на центрите за податоци да изградат поефикасни и скалабилни серверски системи со вештачка интелигенција.

Категорија Мобилни уреди, додатоци и апликации: UFS 5.0

UFS 5.0 на “Samsung“ е првото во индустријата, UFS 5.0 решение за складирање дизајнирано за вештачка интелигенција од следната генерација на самиот уред во паметните телефони и други мобилни уреди. Како што генеративните и агенциските апликации за вештачка интелигенција обработуваат сè повеќе податоци директно на уредите, побрзото и поефикасното складирање станува суштинско. UFS 5.0 обезбедува пропусен опсег до 10,8 GBps и двојно поголеми последователни перформанси за читање и пишување во споредба со UFS 4.1.

Сопственичкиот софтверски алгоритам на “Samsung“ го подобрува перформансот на случајно читање низ голема површина за складирање за повеќе од 3,4 пати. Овие напредоци го намалуваат времето за вчитување на AI моделите и ја подобруваат одзивноста, поддржувајќи AI функции како генерирање содржина во реално време. Достапен во капацитети од 512 GB и 1 TB, UFS 5.0 нуди пакет за 16,7 % помал од претходната генерација, ослободувајќи простор за клучни компоненти како батериите и подобрувајќи ја флексибилноста на дизајнот. Исто така, обезбедува 40 % подобра енергетска ефикасност од UFS 4.1, помагајќи да се намали потрошувачката на батеријата за време на задачи со вештачка интелигенција кои побаруваат многу.

[1] Работи во конфигурација со еден DIMM по канал (1DPC).

[2] Вкупни трошоци за работа.

фото Самсунг