Во второто тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.3 % во однос на истото тримесечје од претходната година

Во второто тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 007 илјади и е намален за 6.3 % во однос на второто тримесечје од 2024 година, и тоа:

во градскиот превоз е намален за 10.6 %,
во приградскиот превоз е намален за 3.5 %,
во меѓуградскиот превоз е зголемен за 5.2 %,
во меѓународниот превоз е зголемен за 27.7 %.
Вкупниот број на патничките километри е 256 889 илјади и е зголемен за 19.3 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:

во градскиот превоз е зголемен за 35.4 %,
во приградскиот превоз е зголемен за 9.1 %,
во меѓуградскиот превоз е намален за 0.2 %,
во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 32.5 %.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионерите ќе се офајдат претпразнично – познато е кога ќе биде исплатата на пензиите

BiznisPRO

Во октомври: Годишен раст од 11,8% на вкупните депозити и од 12,1% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

BiznisPRO