фото Бизниспро

Водафон ги продаде своите италијански операции на Swisscom за 8 милијарди евра

Водафон ги продаде своите италијански операции на швајцарската компанија Свиском за осум милијарди евра, објавија денеска двете компании.

Sviskom ќе го спои Vodafone Italy со својата филијала Fastweb (Fastweb SpA) во Италија, а овој процес се очекува да биде завршен во првиот квартал на 2025 година, пренесува Bloomberg.

Швајцарската влада, која е контролен акционер во Swisscom, го поддржа овој договор во посебна изјава.

Извршниот директор на Водафон, Маргерита дела Вале, која ја презеде функцијата во април 2023 година, ја нарече продажбата „последниот чекор во преобликувањето на нашите европски операции“.

Акциите на Водафон се во пад, па извршниот директор е под притисок да продаде подружници со слаби перформанси или да ги спои во поголеми единици.

Маргерита дела Вале, исто така, се согласи да го продаде бизнисот на Водафон во Шпанија и планира да го спои бизнисот на Водафон во Велика Британија со CK Hutchison Holdings.

Можеби ќе ве интересира...

Трета T Business конференција на Македонски Телеком: Примена на паметни решенија, сајбер безбедност и телемедицина 

BiznisPRO

4iG основа компанија во земјава – Дали ќе биде трет оператор за мобилни услуги во Северна Македонија?

BiznisPRO

Позната компанија укинува 2.000 работни места

BiznisPRO