ПРОМО

ВОЛСТРИТ ГО ЗАВРШИ ЦРНИОТ ПЕТОК СО ГОЛЕМИ ДОБИВКИ

Американските берзански индекси ја завршија скратената петочна трговска сесија со значителен раст, по неколкудневните осцилации на финансиските пазари.

Индексот Nasdaq Composite се зголеми за 2,31 проценти, S&P 500 за 1,60 проценти, додека Dow Jones забележа раст од 1,18 проценти.

Особено изразен беше растот кај дел од технолошките компании. Сепак, позитивните резултати од последната трговска сесија не ја отстрануваат неизвесноста околу натамошните движења на пазарите.