Време е за воведување на ред во издавањето на брзи кеш кредити

Според анкетата на ИПИС за потребите на емисијата Детектор, 80,3% од граѓаните велат дека не би земале брз кредит кој полесно се одобрува но има повисоки камати, додека 10,2% велат дека би земале ваков кредит.

Во анкетата близу две третини од граѓаните или 65,3% велат дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити додека 16,7% сметаат дека за тоа нема потреба.

Изминатиот период многу граѓани се жалат дека се заглавиле до гуша поради високите каматни стапки, казни и пенали откако зеле брз кеш кредит, без да ги прочитаат или сфатат условите.

Во текот на минатата година регистрирани се и десетици случаи како граѓани со туѓа лична карта се обидуваат да подигнат или успешно подигнале ваков кредит.

Дали е време за построга регулација?

Можеби ќе ве интересира...

Набавка на 500 висококвалитетни јуници со цел стабилизација на млекопроизводството во земјата

Бизнис про

Азески во собранието – Мисија за деблокада на економските закони

Бизнис про

Во септември ни доаѓа уште еден продолжен викенд, а во октомври два неработни денови – Кога ќе одмараме до крајот на годината?

jovan sokolovski