За 20 отсто помалку издадени одобренија за градба, вредноста на пазарот за објекти се стопил за 31.3% во август во однос на истиот месец минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година се издадени 275 одобренија за градење, што е за 20.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 851 654 илјади денари, што е за 31.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (60.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 45 (16.4 %) за објекти од нискоградба и 65 (23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 275 објекти, на 167 (60.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 108 (39.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 531 стан, со вкупна корисна површина од 52 648 м2.

Можеби ќе ве интересира...

За една година летот Белград-Чикаго го искористиле 40.000 патници

BiznisPRO

Цената на нафтата на светскиот пазар расте

BiznisPRO

Лоша вест: Значително поскапуваат горивата

BiznisPRO