фото scratsmacker/pixabay

За пристојно живеење во Големото јаболко, потребна ви е плата од 138.570 долари

Њујорк е најскапиот град за самци за живеење во САД.

Имено, за пристоен живот на еден човек во оваа метропола, потребна е годишна бруто плата од 138.570 долари или приближно 127.000 евра, покажува истражувањето на компанијата SmartAsset.

Студијата наведува дека на семејство со две деца му требаат вкупно 318.406 долари годишно за пристојно да живее во Њујорк.

Споменатата компанија истражувала колку бруто плата е потребна за пристоен живот во 99 американски градови врз основа на правилото 50/30/20.

„Буџетот 50/30/20 подразбира дека за одржлив комфор, 50 проценти од платата се издвојуваат за основни потреби како што се домување, намирници и превоз, 30 проценти за забава и хоби и 20 проценти за отплата на долг, заштеди или инвестиции. Седум од десетте најскапи градови во Америка се наоѓаат во Калифорнија, и тоа Сан Хозе, Ирвин, Санта Ана, Сан Диего, Чула Виста, Сан Франциско и Оукланд. Бостон и Сиетл се исто така во топ 10. За разлика од тоа, најприфатливиот американски град за живеење е Хјустон, Тексас, каде што за пристојно живеење за самец потребна е бруто плата од 75.088 долари годишно, односно околу 69.000 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации – Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2%

BiznisPRO

Биткоинот падна за 10 отсто откако достигна рекордно високо ниво

BiznisPRO

УЈП со нов визуелен идентитет – “Заеднички градиме иднина” (ВИДЕО,ФОТО)

BiznisPRO