• мај 29, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Забрзување на процесот на декарбонизација за чиста економија преку поголема соработка и поврзување

Забрзување на процесот на декарбонизација за чиста економија преку поголема соработка и поврзување

29.05.2022, Струга – Постигнување на целите на Парискиот договор за нула-емисии на CО2 во воздухот до 2050 година е цел на чија реализација треба да се работи системски и со забрзано темпо. Само координирани и структурни активности во секој сегмент од работењето на компаниите и организациите ќе доведат до реализација на овие цели и забрзување на процесот на декарбонизација и ублажување на климатските промени. Во таа насока, соработката и подигнувањето на свеста е неопходна и итна. Покрај тоа, во овој процес важно е да се споделат веќе имплементираните технологии и иновации, постоечкото знаење и пракса и да се зајакне соработката помеѓу сите ентитети. Ова беа главните заклучоци на дводневната работилница насловена како „Декарбонизација на економијата – придонесот на цементната индустрија„ што ја организираше Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

УСЈЕ е една од првите компании која од 2005 година започна со следење на CО2 емисиите, иако тоа не беше законска обврска. Покрај тоа, компанијата континуирано инвестира во нови технологии за намалување на емисиите на CО2.

„Декарбонизација-дигитализација-испорачување“ е новото мото групацијата Титан, чиј дел е и Цементарница УСЈЕ, а во рамките на оваа нова групациска философија, се интензивираат мерките за постигнување на овие цели.

„УСЈЕ е пионер во процесот на декарбонизација во земјата. Не само што ги мониторираме емисиите на CО2 преку систем на независно мерење, туку постојано инвестираме во модернизција и унапредување на овој процес во целокупното работење. Во таа насока ние сме и меѓу првите субјекти кои инсталираа и опрема за употреба на алтернативни горива. На тој начин директно придонесуваме во процесот на декарбонизација. Дополнително, до 2030 година ќе вложиме 10 милиони евра во зголемување на нашиот придонес во овој процес – ќе ја зголемиме употребата на алтернативни горива, за три пати, а за пет пати ќе го зголемиме уделот на биомаси во горивата. Преку преземените мерки, успеавме да ја намалиме количината на енергија за 5 %, со примена на енергетски ефикасни методи. Во овој правец, исто така планираме да го намалиме уделот на клинкерот во цементот за скоро 14 отсто преку имплементација на нови технологии и обновливи извори на енергија. Веќе произведуваме „Еко цемент“ со намален удел на CО2, кој е одлично прифатен на пазарот. Ние и во иднина ќе ги споделуваме нашите иксуства и ќе го поддржиме процесот на декарбонизација преку едукација и вмрежување на сите релеваннти фактори“, истакна Гоце Цветковски технички директор на УЈСЕ.
На работилницата свои излагања имаа и м-р Ана Мазнева Каранфилова, раководител на секторот за отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, која ја презентираше законската рамка за процесот за декарбонизација и законската рамка за отпад и употеба на алтернативни горива во земјава. Професорот д-р Даме Димитровски од Машинскиот факултет од Скопје, зборуваше за потенцијалот на алтернативните горива како едно од решенијата во енергетската криза со која се соочува земјава. За еколошкиот криминал и законската рамка која ја покрива оваа област, пред присутните зборуваше проф. д-р Марина Малиш Саздова, од Факултет за безбедност, која ги истакна актуелните состојби во оваа област во земјава.

Претседателот на Македонската асоцијација за цврст отпад – МАСВА Михаил Матевски ја потенцираше состојбата со отпадот во земјава и можните модели за негово искористување преку селекција, правилно одложување, рециклажа и ре-употреба и создавање на алтернативни горива за поголема декарбонизација. Најновите трендови од областа на алтернативни горива, како можност за забрзување на процесот на декарбонизација ги презентираше Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и алтернативни горива во УСЈЕ.

Според информациите во Третиот двегодишен извештај за климатските промени од 2020, повеќе од 73 % од CО2 емисиите се од секторот производство на енергија, додека индустријата придоенсува со 8,5%.

Парискиот одоговор кој е дел од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦ) е поддржан од 196 земји и беше едногалсно донесен на 12 декември 2005 година. Главна цел на овој договор е забавување на климатските промени преку задржување на глобалното затоплување под 2 степени целзиусови, заради што неопходно е намалување на емисиите на CО2.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…