• март 14, 2022
  • 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Цените на нафтата на светските берзи паднаа за околу 5 отсто

Цените на нафтата на светските берзи паднаа за околу 5 отсто

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела паднаа за околу пет отсто, по големите осцилации, бидејќи малку се намалија стравувањата на трговците од прекин на испораките на таа енергија од Русија поради војната во Украина и западните санкции против Москва.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 4,8 отсто на 112,67 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 5,7 отсто на 109,33 долари.

Откако во претходните недели цените скокнаа за повеќе од 20 отсто, последните забележаа значителен пад, бидејќи пазарот се смири, пренесува Хина.

Сепак, почетокот на неделата не навестуваше таков расплет на ситуацијата, имајќи предвид дека во понеделник цената на барелот на лондонскиот пазар достигна 139 долари, а на американскиот 130 долари, што беше нивна највисока вредност од 2008 година.

Ова се должи на стравувањата од нарушување на рускиот извоз поради санкциите воведени од многу земји по рускиот напад на Украина.

Подоцна во текот на неделата, пазарите беа смирени од ветувањето на Русија дека ќе ги исполни своите договорни обврски за испорака на нафта, па трговците заклучија дека стравувањата од прекини во снабдувањето се претерани.

Русија извезува меѓу четири и пет милиони барели нафта дневно, од кои околу половина оди во Европа, што ја прави најголем извозник на нафта во светот по Саудиска Арабија.

Затоа, трговците стравуваат дека прекините во испораките од Русија дополнително ќе го зголемат јазот помеѓу слабата понуда и растечката побарувачка.

Соединетите Американски Држави (САД) воведоа ембарго на руската нафта во средината на неделата, но европските земји не се приклучија на тоа.

Во потрага по замена за руската нафта, Вашингтон започна преговори со Венецуела, подготвен да укине дел од санкциите, а преговорите со Иран за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година се интензивирани. Нивниот успех може да резултира со укинување на санкциите за иранската нафта.

Некои производители во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), вклучително и Ангола и Нигерија, не успеваат да ги постигнат договорените производствени квоти, што ѝ отежнува на групата да надомести за изгубените руски барели.

Во средината на неделата, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои се во ОПЕК, соопштија дека го поддржуваат зголеменото снабдување со нафта на пазарот, со оглед на нарушувањата предизвикани од санкциите воведени кон Русија.

Но подоцна, ОАЕ соопштија дека имаат намера да го почитуваат договорот меѓу ОПЕК и неговите сојузници за зголемување на испораките на нафта од месец во месец за само 400.000 барели дневно.

Од друга страна, расте производството во САД.

Откако минатата година се зголемија за повеќе од 50 отсто, благодарение на закрепнувањето на светската економија од кризата со корона, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 40 отсто од почетокот на оваа година.

Аналитичарите веруваат дека цената на барелот најверојатно ќе остане над 100 долари, додека ОПЕК, американските компании кои извлекуваат нафта од шкрилци или Иран, не обезбедат алтернатива за руската нафта и не пласираат повеќе барели на пазарот.

Аналитичарите предупредуваат и на зголемени инфлациски притисоци во светската економија, што е поттикнато од цената на барелот над 100 долари.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…