Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Денеска започна пријавувањето за осмото издание на трката „Халк Еко Скопје Трча 10км“ кое ќе се одржи на 12.05.2024 година. Сите кои сакаат да бидат учесници, ќе може да се пријават најдоцна до 30.04.2024 година. Доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето ќе биде затворено и порано.

Право на учество во трките имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, а при самиот процес на пријавување, потребно е секој учесник да го одбере неговото таргет време со кое планира да ја заврши трката. Учесниците ќе бидат поделени во пет стартни боксови според таргет времето.

Стартот на трката ќе биде во 09:00 часот на булевар „Илинден“ во близина на Фонтана „Лотос“ и на истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трчаат 10 километри по булевар „Илинден“ и по дел од булевар „Партизански одреди“.
Церемонијата на доделување награди ќе започне по завршување на трката. На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени и највисоката парична награда ќе изнесува 30.000 денари.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Агенцијата за Млади и Спорт и Град Скопје.

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Побрзајте и резервирајте го Вашето место на стартната линија преку веб-страната www.skopje.run, каде ќе можете да ги најдете сите подетални информации за настанот.

ПР текст

Можеби ќе ве интересира...

Проблеми со продажба на куќи за евра во Италија: Продадени се само две

BiznisPRO

Се бараат работници за најоддалеченото место на светот

BiznisPRO

Џекпот на Mega Millions се искачи на околу 875 милиони долари откако во петокот немаше победници на голема награда во САД

BiznisPRO