Здравите навики се создаваат уште од најмала возраст. Успешно заврши  Виталиа детската трка 2024

Овогодинешната Детска Трка во организација на Виталиа помина одлично. Видно расположени децата и нивните родители уште еднаш покажаа дека спортскиот дух е нешто што се развива од мали нозе и покрај предизвикувачките временски прилики. Градскиот паркот беше полн со забава, смеа и детска радост а сите учесници уживаа со производите на Виталиа.

Пред почетокот на Виталиа детската трка се вежбаше зумба, во одлична атмосфера за која се погрижи дополнително ди-џејот. Сите учесници имаа можност да се загреат пред трката, и со позитивна енергија да ја стартуваат. 

“Здравиот начин на искрана во комбинација со физичка активност е сигурен рецепт за добар раст и развој на децата, што и беше главната порака на втората по ред Виталиа детска трка. Важно е да се создаваат и негуваат здравите навики уште од најмала возраст, а физичката активност е неразделив сегмент кога станува збор за здравјето и телото”, истакнаа организаторите.

Оваа година интересот беше голем, вкупната бројка на деца беше 540. Децата трчаа во повеќе категории во согласност со својата возрасна група, тука беше зелената трка за дечиња од 7 и 8 годинки, жолтата трка за деца од 9 и 10 години, портокаловата трка за 11 и 12-годишни деца и на крај црвената трка за деца од 13 и 14-годишна возраст. 

Дечињата имаа можност да дегустираат и 2 нови производи од детската линија на Виталиа и воедно да го дадат своето мислење за вкусот, текстурата како и за дизајнот на производите. За оваа цел беа анкетирани над 200 деца кои имаа можност да ги пробаат овошната коцка – Fruit berry bite со вкус на јагода и кокос коцката – Coconut bite. Овие два  производа се специјално формулирани за деца и немаат додаден шеќер, а се збогатени со пробиотици.

Во оваа трка секое дете е победник и сите имаа можност да трчаат, да се забавуваат и да ги вкусат производите на Виталиа.  Трката понуди многу забава за сите присутни. Децата беа мотивирани, а на настанот беше забележителна разиграноста и раздвиженоста.  Собраните средства за учество во трката ќе бидат донирани.

Можеби ќе ве интересира...

ЕОС Матрикс Македонија со нови алатки базирани на вештачка интелигенција ја подигнува ИТ безбедноста на финансиските услуги 

BiznisPRO

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на Банката

BiznisPRO

МТЕЛ ја проширува продажната мрежа, отворен нов продажен салон во Штип

BiznisPRO