Зголемен бројот на странските туристи во октомври

Вкупниот број на туристи во октомври изнесувал 53 828 од кои 58,9 проценти биле странски туристи, а 41,1 процент домашни туристи. Реализирани се 124 219 ноќевања од кои 56,3 проценти од странските туристи, а 43,7 проценти од домашните туристи, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-октомври, бројот на туристи е зголемен за 50,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај домашните туристи има зголемување за 20,1 процент, а кај странските зголемувањето е за 183,3 проценти.

Зголемен е и бројот на ноќевања за 35 проценти и тоа кај странските туристи се бележи зголемување за 159,9 проценти, а кај домашните за 14,2 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

Поскапија горивата – Ова се новите цени

BiznisPRO

8.529 MWh електрична енергија произведена во изминатото деноноќие

BiznisPRO

Завршува летното сметање на времето

BiznisPRO