Зголемен бројот на странски туристи во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2024 година изнесува 107 672, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври 2024 година изнесува 211 611, од кои 32.5 % се од домашните туристи, а 67.5 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 14.7.%.

Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1 %, а кај странските има зголемување за 9.9.%.

Можеби ќе ве интересира...

Доларот продолжува да паѓа, а еврото одлично се држи

BiznisPRO

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

BiznisPRO

„АЛКАЛОИД“ 22 години дел од водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI

BiznisPRO