• декември 9, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Зголемена динамика на чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје

Зголемена динамика на чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, традиционално присутна на саемот за туризам во Измир, Турција “TRAVEL TURKEY İzmir”. Саемската манифестација се одржува од 8-ми до 10-ти декември 2022 година, во организација на TÜRSAB – Здружението на турски туристички агенции и İZFAŞ, под покровителство на Република Турција, министерство за култура и туризам. Туристичката понуда која е спој на историско-културните релации помеѓу Северна Македонија и Турција е промовирана од инкаминг агенциите, ДМЦ Балканс и ПЦС Тур, дополнето со присуството на Радика Ресорт.

Директорот, д-р Љупчо Јаневски ги најави потврдените чартери за 2023 година од Измир за Скопје со зголемена динамика и пакет аранжмани од три, пет и седум дена во Северна Македонија и зголемен број на кружни патувања на турски туристи од измирскиот дел на Турција.

“Започнати се разговори за чартери од Измир за Охрид во текот на сезоната 2023 година со два туроператори од Турција, еднаш до два пати неделно во високата сезона. Потврдени се повеќе кружни тури и континуирана динамика на патувања од турските туроператори кои нашата дестинација ја оценуваат како многу атрактивна и интересот за 2023 година е уште повеќе зголемен”- дополни Јаневски.

Македонските туристички потенцијали се промовираат и со најновата ВР технологија која автентично ги претставува дестинациите и туристичките атракции, пред се за активните форми на туристичка понуда.

Следејќи ги статистиките, забележан е раст од 70% на бројот на туристи и зголемување на остварените ноќевања за 65% од туристичкиот пазар Турција, за период од јануари до септември 2022година споредбено со истиот период од 2021 год. Учеството на турските туристи од вкупниот број на туристи во Северна Македонија изнесува 12% за период од јануари-септември 2022г. Очекуваме во 2023 година турскиот пазар по бројот на ноќевања да се врати и да го надмине бројот од 2019 година, што овозможува резултатите на македонскиот туристички сектор да достигнат 3,2 милиони ноќевања.

Агенцијата за туризам договори неколку информативни патувања на влијателни инфлуенсери од Измир за првата половина од 2023 година, надополнети со фокусирана “google” кампања за Истанбул и измирскиот регион. Би сакале да потенцираме дека турскиот пазар е во фокусот и за вториот дел од медиумската кампања, промоцијата ќе ја насочиме на електронски медиуми, односно 100% онлајн рекламирање. Интересот за македонските убавини е огромен, Агенцијата за туризам продолжува со дефинирање на соработката со туристичкиот сектор од Турција.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…