Нафтата поевтинува поради СЛАБОСТ НА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА: Производната активност во втората по големина светска економија се намалува четврти месец по ред

Цените на нафтата паднаа под притисок на слабата економска активност во Кина, која е водечки увозник на овој енергенс, но се уште е на повидок првиот месечен пораст на цената од септември.

Формирањето на цената на барелот и понатаму е под влијание на зголемените тензии на Блискиот Исток и стравувањата за понудата. Барел нафта „брент“ за испорака во март поевтини за 83 центи и сега чини 82,04 долари, додека цената за април падна на 81,65 долари. Барел американска сурова нафта падна за 95 центи и сега се продава за 76,87 долари.

Официјалните податоци покажаа дека производната активност во Кина, втората по големина економија во светот, се намали четврти месец по ред во јануари.

Последниот знак дека кинеската економија сè уште се бори да ја врати динамиката е судската наредба за ликвидација на проблематичната компанија за недвижности Евергранд. Секторот на недвижности сочинува четвртина од бруто домашниот производ на Кина.

Можеби ќе ве интересира...

Унгарија бара од ЕУ да преземе мерки против бугарскиот транзитен данок на рускиот гас

BiznisPRO

Водечките европски економски авторитети доаѓаат во Скопје

BiznisPRO

Производството на руските фабрики расте со најбрзо темпо во последните седум години

BiznisPRO